Започна модното шоу на „Вимблдон“

28 јуни 2016

Тенискиот турнир „Вимблдон“ започна вчера. Љубителите на овој спорт во наредните две недели ќе уживаат во возбудливите мечеви, а оние што ја преферираат модата, во модните комбинации – на теренот и надвор од него.

Првиот ден од турнирот го одбележаа неколку интересни меча. Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Венус Вилијамс, Јелена Јанковиќ се само дел од оние за кои беше резервиран почетокот на „Вимблдон“, а кои несомнено привлекоа бројна и позната публика. Затоа и не изненадува фактот што модните медиуми беа исполнети со фотографии од познатите личности и нивниот стил.

Од она што може да се види, интензивните, свежи бои и принтовите доминираа во комбинациите на гостите-ѕвезди.

Особено внимание привлече Пипа Мидлтон со тесниот фустан со карнер во горниот дел, креација од брендот „Suzannah“.

Таа го следеше натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Британецот Џејмс Вард, но сепак навиваа за српскиот тенисер.

Пипа Мидлтон

Неколку реда пред неа беше актерката Ребел Вилсон, која за оваа пригода облече фустан со принт, каде доминира зелената боја, бело сако и балетанки.

Ребел Вилсон

Меѓу познатите што го одбележаа овој прв ден се и Клиф Ричардс, Џејмс Нортон, Амбер и Јасмин Ле Бон, Сем Смит и други што ќе ги видите во продолжение:

Клиф Ричардс

Никола Робертс и Сем Смит

Лора Витмор

Лора Мвула

Ешли Џејмс

Шарлон де Карл

Амбер Ле Бон

Ерин О'Конор

Џејмс Нортон

Тајни Темпах и Сем Смит  

Објавено:
28 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.355 пати