Есенва ќе носиме сино, црвено и виолетово

1 јули 2016

Потребата и желбата за смиреност, сила и оптимизам го инспирираше тимот на „Пантон“ за создавање на боите што ќе бидат актуелни оваа есен.

Ќе доминираат нијанси од „синото семејство“. Сината го претставува небото што е секогаш над нас, а со тоа и константноста. Исто така, актуелни ќе се и земјените тонови, типични за ова време од годината, но и живописни бои како виолетова и црвена.  Црвените тонови повикуваат на самодоверба и топлина, додека виолетовите на егзотичност.

Да не ја заборавиме и сивата, која внесува неутралност и можност за бројни нови комбинации, а ја претставува стабилноста.

Во продолжение погледнете ги 10-те бои на „Пантон“ за есен 2016:

 

Riverside

Силна боја, стабилна, смирувачка и студена истовремено.

 

Airy Blue

Предизвикува чувство на леснотија, ведрина и слобода.

 

Sharkskin

Можеби ова е најнеутралната боја и таа одлично соодветствува со останатите предложени нијанси. Можете да ја искористите за стајлинг од глава до петици велат од „Пантон“.

 

Aurora Red

Тон на топла, пријатна и сензуално црвена, со голем стил, симболизира доверба и динамика. Оваа црвена нијанса складно се комбинира со Sharkskin или се балансира со Airy Blue на пример.

 

Warm Taupe

Уште еден неутрален тон, што одлично се комбинира со останатите девет. Оваа боја сугерира стабилност, сигурност и мир.

 

Dusty Cedar

Овој тон пренесува топлина и е еден вид еволуција на розовата, која е „Пантон“ боја на годината, станувајќи нејзина есенска односно зимска верзија.

 

Lush Meadow

Ако ги сакате ботаничките градини, тогаш ќе ја сакате и оваа свежа, жива и софистицирана боја.

 

Spicy Mustard

Убав и егзотичен тон, кој им контрира на останатите од оваа есенска палета.

 

Potter’s Clay

Софистициран тон на црвено-портокаловата, која ја претставува земјата. Природно и есенски.

 

Bodacious

Совршена боја за живописни комбинации. Од „Пантон“ институтот велат дека ова е сосема неочекуван тон за есенската сезона, за кој веруваат дека ќе биде и еден од омилените.

Објавено:
1 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
537 пати
Тагови: 
есен бои Пантон 2016