Момчиња во розева фолија кај Бурбери, гладијаторски манекени во саронг кај Версаче и мажите на Москино облечени во амбалажа од детергент како еклектичен вовед во машките колекции за пролет-лето 2013.
Версаче
Не му се потсмевајте на мажот што може да облече златно-црн боксерски појас со саронг-марама... Или сепак е смешно!
Версаче
Овој маж со оваа розева комбинација слободно може да ѝ парира на Барби. Без разлика што навидум облеката реферира на мачо гладијаторки изглед, сепак е во облечен во розево од глава до петици.
Бурбери
Мантил во ПВЦ-материјал во металик-нијанса на некоја интензивна боја (на пример, светкаво виолетова како на фотографијата) како моден избор кога ќе падне првиот пролетен дожд. Сигурни сте дека мажите сакаат да бидат облечени во нешто што наликува на фолија?
Бурбери
Еве една посмирена комбинација од Бурбери, ама за да се задржи блескавиот момент од колекцијата, панталоните се со светкав ефект.
Долче и Габана
За летото што следи италијанскиот двоец нуди шорцеви со хавајски принт, кожен ремен и сандали.
Москино
Супермаркет-шик? Дизајнерскиот тим на Москино ја следи откачената естетика на основачот на брендот Франческо Москино и предлага комбинација во Ворхол-стил. За да го носите ова треба да сте крајно самоуверени во својата модна освестеност...
Москино
Забележувате дека дезенот од украден од амбалажа за детергент!?
Луј Витон
Мажите претпочитаат практичност во облеката, ама и џентлеменски изглед, па еве им големи џебови на палтата и џентлменски часовник што се чува во џебот.
Александар Меквин
Џентлменски и истовремено откачен е овој костум во розева боја. Доста класичен стил за брендот на Меквин, замислете нема ниту една мртовечка глава во оваа комбинација.
Филип Плеин
Од улиците на Менхетан на пистата во Милано, еве го актерот Ед Вествик (или Чак во „Озборувачка“) во комбинација од кожена јанка, бели панталони и маичка со принт. Стајлингот баш и не морал да го докомплетира со мустаќи.
Корнелијани
Запазени се сите елементи на италијанска елеганција - добро скроен костум со дворедно сако, едноставна кошула, еднобојна вратоврска, софистицирани чевли, мала чанта и залижана фризура.
3.1 Филип Лим
Летна лежерност за ултра модерни момчиња.
Виктор и Ролф
Минималистички костум од лен и патики, зошто да не? Бидејќи е од Виктор и Ролф, можеше да биде и далеку понепредвидливо и невообичаено.
Живанши
Чисти линии и меки ткаенини за свежа машка силуета осовременета со чудни детали – метален украс на носот и необични сандали со синџири.
Џорџо Армани
Од кралот на сакоата може да добиете навистина повеќе верзии на пролетно сако во разни бои.
Канали
Сосема прифатлива облека која сепак може да се смири со поинакви модни додатоци. Или пак сметате дека токму впечатливите детали ја прават комбинацијата одлична?
Ботега Венета
Ако може жените да мешаат различни принтови, зошто пак да не можат и мажите да миксаат два различни цветни дезени.
Мисони
Лесни плетива во разни бои и шари, слоевитост и лежерност за спокојна модна пролет.