Првиот шок во модната медиумска сфера со кланот Кардашијан, беше кога Ана Винтур им отстапи простор на Ким заедно со нејзиниот сопруг Канје на насловната на Вог. После тоа модната библија беше критикувана поради „паднатите" критериуми, но за Кардашијан таа привилегија беше настапување на голема врата на модната сцена.
Но, сега следува нов исто толку шокантен момент. Ким е на насловната страна на најновото издание на престижниот магазин Форбс како последица на неверојатната заработувачка од 45 милиони долари што ја оствари благодарение на нејзината игра за мобилен телефон.
Овој успешен проект лансиран во 2014 година се заснова на игра која го имитира животот на старлетата, а беше надоградена со емотикони кои станаа вистински хит меѓу нејзините обожаватели.
И секако Ким не пропушти, да не се пофали на нејзиниот Инстаграм профил со новата насловна потпишата со хаштаг #notbadforagirlwithnotalent.