Полека, но сигурно се приближуваме кон есента, па веќе е време да видиме кои се трендовите кое ќе го одбележат ова годишно време.
Ако сте обожавател на чизмите над колена, тогаш трендовите за оваа есен се како создадени за вас. Голем дел од high street брендовите веќе ги објавија своите есенски колекции, а како што може да видиме во истите сместија голем број на различни модели супер чизми.
Во нивната понуда ќе најдете високи чизми од превртена кожа во секси црвена боја, но и такви во боите на есента кои девојките ќе обожаваат да ги комбинираат со лесни и лелеави долги фустанчиња во првите есенски денови.
Токму таквите цветни фустани ќе бидат хит и оваа есен, а брендовите во своите понуди ставија модели на преклоп во стилот на 70 – тите кои се фантастични како и секогаш.
Покрај црвените нијанси, кај есенските трендови омилена ќе биде и металик бојата во која можете да најдете бројни стилски фустанчиња.
Како и минатата сезона, така и оваа, есенските денови ќе ги дочекаме и во тренди бомбер јакни украсени со шик апликации и раскошни принтови.
Како и облеката, така и модните додатоци се во неодоливи нијанси, па така брендовите нудат и чанти во прекрасна црвена и nude нијанса.
Погоре во галеријата погледнете дел од парчињата што ќе ги обожаваме оваа есен.
Извор: Buro24/7