Те сакам оваа есен: Романтичен едиторијал на холандското издание на Мери Клер

24 септември 2014

Есента е едно од најромантичните годишни времиња чии денови секогаш се исполнети со многу љубов и заеднички прошетки со партнерот.

Токму вакви моменти ни приготви одличниот тим на холандското издание на магазинот Мери Клер, во чиј октомвриски број се најде прекрасен љубовен едиторијал.

Моделите Софија и Пит се дел од романтичната љубовна приказна спакувана во прекрасен есенски едиторијал, во кој покрај шармантните љубовни моменти, можеме да видиме и одлични парчиња од есенските колекции на дизајнерите.

Едиторијалот го фотографираше Крис Крајмер, а за стајлингот на моделите се погрижи Линда Гумус – Геритсен.

Во истиот, можеме да видиме тренди есенски парчиња како женски шик костими, многу модерни плетеници, куси јакнички, карирани кошули кај момчето, вистински удобни џемпери за домашно љубовно уживање, но и парчиња за свечени пригоди.

Оваа есен, нурнете се во љубовен занес со вашиот партнер за потопли и посреќни есенски денови!

Објавено:
24 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија