Миленик на есента: Прекрасниот Валентино фустан остава без здив!

26 октомври 2013

Ние не велиме дека досега немавме есенски миленици, но овој неверојатен Валентино фустан штотуку ни го зазема пиедесталот.

Истиот беше прикажан како дел од колекцијата есен/зима 2013 на неверојатниот Валентино и стана едно од омилените парчиња на модерните дами ширум светот.

Во него можевме да ја видиме и шармантната Зои Дешанел на страниците на модниот магазин Мери Клер, а истиот не изостана ниту во некои од највпечатливите улични стилови.

Миленикот на есента доаѓа со еден, но неверојатен, цветен дезен во неколку бои со бела кошула со широки јаки и можност за манжетни на ракавите.

На крајот, мора да споменеме дека овој фустан предизвика вистинско лудило кај девојките и за многу кратко време беше распродаден од онлајн продавниците.

Па нели тоа кажува се!?

Објавено:
26 октомври 2013
Категорија: 
Тренд