Откако летово неколкупати не израдува со фантастични колекции, high street брендот H & M лансираше фантастична колекција за домот која се состои од прекрасни перници, прекривки, целосна постелнина и навлаки.
Колекцијата тие ја нарекоа Bohemian Blues, а во истата ќе најдете парчиња изработени од високо квалитетни материјали во пастелни, розови, темно сини, светло кафени, сиви и бели нијанси.
На фотографиите ќе видите и неодоливи перници во тиркизна и темно црвена боја, а она што посебно ќе го обожувате во студената сезона која доаѓа се и нивните плетени ќебиња во совршено зимски бои.
Во комбинација со нивните останати производи за домот, меѓу кои и украси, ламби, свеќи, различни кутии за украсување и слично, вашата спална дефинитивно ќе се претвори во место каде ќе сакате да поминувате најмногу време.