Овогодишната палета на боите за ѕидови носи некои одлични нови, но и фасцинантни класични трендови.

Силните тонови овојпат се измешани со млечни, пастелни тонови кои создаваат една смирена, романтична варијанта на боите за ѕидови.

Природни бои, ретро влијание со меки нијанси во моментов се едни од најголемите трендови кај ентериерот.

Речиси секаде преовладуваат смирените и нежни варијанти на розова, жолта, зелена, сина, виолетова, сива и секогаш присутната класична бела, но овојпат во посебна, алабастер изведба.

Класичната бела оваа сезона доаѓа во посебно, алабастер издание со кое се навестува враќањето на основите и корените во уредувањето на ентериерот.

Неутралните бои како и секогаш имаат исклучително смирувачко влијание на просторот, но тоа не значи дека ако истите ви се здодевни, не треба да експериментирате!

Извор: Journal.hr

Објавено:
10 август 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.560 пати