Стотици луѓе чекаа за овие фармерки

17 август 2016

Фармерките од брендот AYR – The Form се продадоа уште пред да бидат достапни во продавниците. Според податоците на брендот, дури 600 луѓе чекале за овој модел, а од вчера конечно можеле да ги добијат.

Што е толку посебно кај овие фармерки?

Изработени се од стопроцентен памучен џинс и на мошне професионален начин е постигната разликата помеѓу винтиџ и модерно. Исто така, кројот е таков да одлично ја обликува вашата фигура, особено делот кај задникот и бутините.

Бојата е светло сина (medium light blue), а во пределот на колениците се малку „искинати“. Исто така, рабовите на крајот од ногавиците се исечени, без дополнителна обработка, што е еден од најактуелните трендови кога е џинсот во прашање.

Како ви се допаѓаат вам?

Објавено:
17 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.321 пати