Стилска разновидност во новата есенска колекција од Манго

24 август 2016

Уличниот градски стил добива нова димензија во новата кампања на Манго за есенската колекција. Од една страна романтична естетика, а од друга строги линии дефинирани во андрогени одела, во оваа колекција се синхронизирани различни стилови во идеални есенски аутфити.

Лелеавите фустани се комбинирани со „светкави" чевли, дводелните комбинации од сако и панталони се во карирани дезени, а мини здолништата од PVC се спарени со блузи со карнери и „ѕвонести" ракави.

Со оглед на тоа дека милитари стилот ќе биде актуелен и оваа сезона есен-зима, еден дел од колекцијата е дизајнирана во тој правец, како што се на пример палтата во строги кроеви со дворедно закопчување.

 

Објавено:
24 август 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.014 пати