Супер украсни шноли за коса

29 август 2016

Секој од нас се соочил со недостаток на време во момент кога треба да изгледаме пристојно и средено. Честопати тоа е случај кога наутро се подготвуваме за на факултет или работа, па бараме наједноставен и најбрз начин како да го постигнеме посакуваниот ефект.

Особено тоа е случај со косата. Но, дури и во денови на „лоша фризура" постои едно едноставно, практично, а естетско решение – украсни шноли.

Оваа сезона особено ни се допаѓа трендовскиот избор на украсни шноли затоа што се со минималистички дизајн, во чисти геометриски форми и најчесто во метални, сјајни нијанси.

Во продолжение ви посочуваме неколку инспиративни примери.

Објавено:
29 август 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.541 пати