Кој модел е најплатен 14 години по ред?

1 септември 2016

Магазинот „Форбс“ ја објави листата и на најплатени модели во периодот од јуни 2015 до јуни 2016 година.

И покрај „пензионирањето“, Жизел Бундшен која продефилира и на отворањето на годинешните Олимписки игри во Рио, повторно се најде на првото место, што ја прави најплатен модел 14-та година по ред.

Таа годинава остварила приход од 30.5 милиони долари. За таа цифра во голема мера придонесуваат и договорите со „Шанел“, „Каролина Херера“ и „Пантен“ (нејзината линија на долна облека и линија за убавина). Со оглед на тоа дека разликата помеѓу првото и второто место е цели 20 милиони долари, ако продолжи со ова темпо, може да се очекува Жизел да остане на првото место и следната година.

А на второто место е нејзината сонародничка, Адријана Лима, со приход од 10.5 милиони. Веднаш зад неа е Карли Клос која годинава заработи 10 милиони долари, која го дели местото со Кендал Џенер.

Кендал за многу краток период успеа да се искачи на високото трето место најплатени модели со остварен приход исто така од 10 милиони.

Веднаш зад неа е уште еден модел од новата генерација и нејзина другарка, Џиџи Хадид, која за година дена има еден милион помалку од Џенер.

Во продолжение погледнете како изгледа листата понатаму:

1. Жизел Бундшен – 30.5 милиони долари

2. Адријана Лима – 10.5 милиони долари

3.Карли Клос – 10 милиони долари

- Кендал Џенер – 10 милиони долари

4. Џиџи Хадид – 9 милиони долари

 -Роси Ханингтон Вајтли – 9 милиони долари

5. Кара Делевињ – 8.5 милиони долари

6. Кендис Сванпул – 7 милиони долари

 - Лиу Вен – 7 милиони долари

7. Миранда Кер – 6 милиони долари

8. Лара Сотун – 5.5 милиони долари

 - Наталија Водијанова – 5.5 милиони долари

9. Кејт Мос – 5 милиони долари

 - Алесандра Амбросио – 5 милиони долари

 - Дуцен Крус – 5 милиони долари

10. Џоан Смолс – 4.5 милиони долари

 

Објавено:
1 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
935 пати