Кој е најдобриот модел за 2015?

22 декември 2015

Кога станува збор за девојки што најмногу доминираа во светот на модата во 2015 година, никако не можеме да ги заборавиме другарките Кендал Џенер и Џиџи Хадид.

Повеќе од очекувано беше некоја од нив да се најде на првото место на изборот на најдобар модел за 2015 година, но прекрасната Ана Еверс ги победи и двете.

Деновиве беше објавена листата на најдобри модели на која се најдоа девојки што навистина го заслужија тоа, а уникатната Германка Ана Еверс се најде на првото место според гласовите од модната индустрија.

Првото место според изборот на читателите го доби Џиџи Хадид, а како нова, надежна модна ѕвезда читателите ја избраа популарната Кендал Џенер.

Наградите беа доделени од Models.com чиј тим ги прегледува гласовите од 250 топ дизајнери, фотографи, стилисти, фризери и шминкери, кастинг директори и модни уредници.

Меѓу најпопуларните модели за 2015 беа и Џордан Дан, Андреја Пејиќ, Џулија Нобис, Лекси Болинг, Наташа Поли, Џоан Смолс, Карли Клос и уште неколку други.

Објавено:
22 декември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.216 пати