Гугл пребарува: Најпопуларни модели за 2014 година

19 декември 2014

Најголемиот интернет пребарувач Гугл, изминатиов период објави неколку листи за тоа кои имиња на личности во различни сфери на општеството се меѓу најбараните изминатава година. Она што нас особено не интересираше, а на огромно задоволство веќе е објавено од страна на одговорните во Гугл е листата на најбараните манекенки. Она што можеби многумина ќе ги изненади е фактот што Кара Делевињ  не се најде  на врвот.

Кендал Џенер и Кара Делевињ Кендал Џенер и Кара Делевињ

Кендал, сепак успеа да го задржи второто место на листата, откако предноста неочекувано и ја одзема сексапилната Кејт Аптон. На третото место се најде Миранда Кер, на четврто и петто се ветеранките во овој занает, Хајди Клум , односно Жизел Бундшен, што е директен показател дека моделите од „стариот ков“ сè уште ја имаат моќта да им „пркосат“ на помладите генерации манекенки предводени од Џиџи Хадид, Кара Делевињ и Кендал Џенер.

Кејт Аптон Кејт Аптон

Делевињ, се најде на 16 – тото место, а причината за тоа е најверојатно фактот што лицето на овој модел е толку многу експонирано во медиумите што и самото пребарување преку Гугл е излишно.

Хајди Клум Хајди Клум

На листата можат да се забележат голем број модели на Викторија Сикрет, како Бехати Принсло, Карли Клос, Александра Амбросио, Лили Олдриџ, Доуцен Крос, Џордан Дан и Џоан Смолс, чија популарност несомнено порасна на интернет откако настапи на ревијата  на Викторија Сикрет. Во галеријата ќе ги видите сите 20 најбарани модели оваа година според статистичките податоци на Гугл.

 

Објавено:
19 декември 2014
Категорија: 
Сцена