Кои се најпопуларните модели на социјалните мрежи?

14 август 2013

Престижниот магазин Вог ја објави листата на најпопуларните модели на социјалните мрежи и тоа во две категории, Инстаграм на Фејсбук и Твитер. На првото место цврсто стои Тајра Бенкс, чии објави на оваа социјална мрежа ги следат повеќе од 12 милиони обожаватели.

На второто место е Адријана Лима, потоа Хајди Клум, Миранда Кер и Жизел Бундшен. На Инстаграм распоредот е нешто поинаков. Втора е Миранда Кер, потоа Кара Делевињ, која има 800 илјади обожаватели. Топ пет листата на Инстаграм ја затвораат Александра Амбросио и Бар Рафаели.

Имињата на овие модели како најпуларни беа и очекувани, но исто така на листата се најдоа и имиња на манекенки од постарите генерации како Синди Крафорд, Клум и Бенкс. Што се однесува на поновите имиња нив секако ги претставуваат Кара Делевињ, Кејт Аптон и Ирина Шајк. Низ галеријата погледнете ги највлијателните модели во модниот свет.

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Сцена