Моделите некогаш и сега: Прекрасни фотографии од нивните детски денови!

7 февруари 2014

Тие денеска се едни од најубавите жени во светот, а доколку се прашувате дали биле убави отсекогаш, сега го имаме одговорот на тоа прашање: Да!

Хајди Клум Хајди Клум

Многу години пред тие да бидат едни од најплатените модели во светот и да се појавуваат во кампањите и модните ревии на некои од најголемите модни куќи, тие биле само слатки девојчиња со безгрижно детство.

Таа во моментов е најбараната манекенка во модната индустрија благодарение на нејзиниот специфичен изглед и одлична фигура, а според фотографијата кога била бебе таа била отсекогаш прекрасна - Кара Делевињ.

Кара Делевињ Кара Делевињ

Прекрасната и шармантна Миранда Кер била навистина слатко бебе со неодоливи обравчиња и уникатни дупчиња кога се смеела. Освен обравчињата, манекенката нежниот и бебешки изглед го задржа и до ден денеска.

Една од најголемите трансформации ја има доживеано Хајди Клум, која како мала го негувала „даркерскиот“ изглед за разлика од денеска, кога е вистинска гламурозна дама.

Во галеријата погледнете ги сите останати транформации на моделите.

Објавено:
7 февруари 2014
Категорија: 
Сцена