Модното лудило во Њујорк започнува од денес. Сите со нетрпение очекуваат да видат што ќе презентираат модните брендови за сезона пролет-лето 2017.
Магазинот „Еlle“ успеа да ѕирне во скиците на некои од учесниците и да ја дознае нивната инспирација.
Жената, нејзината моќ, нежност, различните култури, 18-тиот век, Ненси Реган и Мишел Фајфер, како и панк и рок естетиката од 1970-тите и 1980-тите, го прават овој преглед возбудлив, како и очекувањата за готовите парчиња.
Инаку, модната недела во Њујорк ќе трае до 15-ти септември, а од големите модни имиња, денеска ќе се претстави Том Форд. Во наредните девет дена ќе ги видиме и колекциите на Викторија Бекам, Џени Пекам, Каролина Херера, Томи Хилфигер, Александар Ванг, Ралф Лорен, секако Мајкл Корс и уште многу други, а последниот ден е резервиран за Марк Џејкобс.
Во галеријата погоре погледнете ги скиците и подгответе се за деветдневно модно уживање!