За реализација на Накит 2016, Јавна Соба има потреба од млади, енергични и комуникативни волонтери, мотивирани да стекнат нови работни искуства и да се запознаат со дизајнери од други земји. Фестивалот ги обединува дизајнот, образованието и бизнисот во регионот и се обидува да даде креативна енергија кај сите учесници и посетители.
Од волонтерот се очекува да има интерес за дизајн на накит и сродните креативни области, да поседува интерперсонални вештини и да биде отворен за културна размена и влијанија.
Организацијата си постави за цел да регрутира волонтери кои сериозно ќе пристапат кон обврските и несебично ќе се вложат во реализацијата на настанот.
Волонтерскиот ангажман е предвиден во период 07 октомври – 09 октомври, за времетраење на настанот.
Рок за пријавување: 30 Септември 2016
Накит 2016 за секој волонтер обезбедува:
• оброк
• кафе и сок
• Промоција на нашата веб страна
Заинтересираните треба да го пополнат овој формулар.