Што да носите ако сте гостинка на есенска венчавка

19 септември 2016

Есенската венчавка е стилски предизвик поради тоа што истовремено треба да внимавате на формалноста на настанот, а од друга страна временските прилики во овој период од годината не ни се секогаш наклонети и се непредвидливи.

Дилемата ќе ја решите доколку инвестирате во материјали кои изгледаат луксузно, а во кои ќе се чувствувате удобно. Еден од базичните трендови од тој аспект сезонава е кадифето.

Различни модели на фустани, здолништа или комбинезони изработени од кадифе, се одличен и непогрешен избор доколку оваа есен сте гостинка на свадбена церемонија.

Но, изборот продолжува со уште ден ултимативен хит за сезонава, „слип" фустаните кои може да ги комбинирате со впечатлив накит или пак здолништата во комбинација со тул, а не помалку актуелни остануваат и фустаните и блузите со карнери.

Ве инспирираме со неколку интересни тренди комбинации во продолжение.

 

Објавено:
19 септември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
4.440 пати