Марина Абрамовиќ е највлијателна уметница во светот

23 септември 2016

„Артнет“ е водечки портал за продажба и истражување на уметнички дела. Секоја година ги избира највлијателните личности од областа на уметноста, кустоси, сликари и ликовни критичари.

Победник на годинешниот натпревар е Марина Абрамовиќ, светски позната уметница со српско потекло и со постојано живеалиште во Америка.

Марина претставува персонификација на перформансот, го користи своето тело како алатка и тоа на шокантен начин. Нејзиниот пат почнува со едно комбе со тогашното нејзино момче и стигнува до повеќе месечни перформанси во еден од најпрестижните музеи во светот МОМА.

Во октомври излегува нејзината автобиографија која се очекува со нетрпение. Второто место му припадна на Нити Амбани, мецена од Индија која спонзорира многу изложби, а третото место е на Ричард Армстронг, директор на „Соломон Гугенхајм“ музеите и фондацијата.

 

Објавено:
23 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
709 пати