После прикажувањето на пролетната колекција на модната недела во Милано, Доменико Долче и Стефано Габана организираа вечера за своите пријатели. Вкупно 400 поточно.
Дека се доследни во љубовта кон Италија, вечерата ја организираа на традиционален начин, сите собрани на маса, и тоа на улицата во Милано во која се наоѓа нивниот нов дуќан (Виа Монтенаполеоне).
Она што веднаш ќе го забележите е беспрекорната декорација на масата која се простира во недоглед. Цветните аранжмани, позлатените свеќници, златните покани го направија случувањето под отворено небо уште поубаво.
Меѓу присутните беа Софија Ричи, Хејли Болдвин, Камерон Далас...
Нема многу фотографии од атмосферата за време на вечерата, но не се сомневаме дека било весело и гласно, типично италијански!