Секојдневни навики за убавина што ги правиме погрешно

18 октомври 2016

Кога е негата во прашање, жените најчесто најголемо внимание посветуваат на лицето, а со тоа се стекнуваат  и секојдневни навики, за кои веруваме дека придонесуваат за подобар изглед. Сепак, не е сосема така.

Во продолжение ви претставуваме пет навики што ги правиме погрешно

Ставање крема

Кога ја размачкувате кремата на лицето, повеќето од нас тоа го прават од чело надолу, што е според стручњаците сосема погрешно. Треба да е обратно. Производите како креми или течна пудра, нанесувајте ги од брада кон челото, затоа што во спротивно го поттикнувате опуштањето на кожата.

Шминкање

Затегнувањето на веѓите и очите, односно кожата околу слепоочниците при ставањето сенка или туш, предизвикува појава на брчки на челото и околу очите. Ако пак, не можете да не се шминкате на тој начин, тогаш трудете се макар што понежно да го затегнувате пределот околу очите.

Топла бања

Или уште полошо – жешка е нешто во што многу жени уживаат и се опуштаат. Но, врелата вода ги отстранува природните масла и ја прави кожата сува, дури знае да предизвика и чешање. Затоа, ваквата пракса сведете ја на минимум и прилагодете се на помала температура.

Често миење на лицето и пилинг

Чистењето на лицето е потребно секако, но таквата честа пракса ја суши кожата. Од друга страна, и премногу пилинг може уште повеќе да ја оштети кожата. При негата на лицето, внимавајте на тоа секој ден да внесувате доволно витамин Е, за да го одржите мазно и свежо.

Сон

Сите што не спијат многу, не ѝ прават услуга на кожата. Тоа не значи ниту дека треба да спиете 12 часа, но доколку не спиете доволно, таа ќе нема можност да се одмори и обнови. Седум до осум часа се идеални за што поздрав изглед на кожата.

Објавено:
18 октомври 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.727 пати