Нашата омилена бабичка Ајрис Апфел има нов моден ангажман
•
22 октомври 2016
Во соработка со магазинот Dazed, една од најголемите компании за очила Luxottici направи интересна кампања насловена „Class of 2016".
Она што ја прави особено впечатлива оваа кампања е кастингот на модели, меѓу кои се најде и најмодерната бабичка на денешницата, еден од омилените ликови во модниот свет, 95-годишната Ајрис Апфел.
Инаку во оваа кампања опфатени се дел од најкулсузните брендови што во своите линии дизајнираат и очила, меѓу кои и: Долче и Габана, Прада, Ray-Ban и други.