Адел искрено за постпородилната депресија во интервју за Vanity Fair

1 ноември 2016

Една од најпопуларните пејачки на сите времиња Адел, ќе се појави на насловната страница на декемвриското издание на еден од најпрестижните светски магазини Vanity Fair.

Прекрасната Адел се појавува и во исклучително добра фотосесија преку која уште еднаш можеме да ја видиме нејзината неприкосновена убавина.

Во интервјуто за магазинот таа говори за предизвиците со кои се соочила како родител и за нејзиното ментално здравје по раѓањето на синот Анџело.

Откако во 2012 – тата година пејачката ги „собра“ сите можни награди за исклучителниот албум „21“, се повлече од сцената со цел да му се посвети на нејзиното семејство и сега веќе четиригодишниот син.

Таа зборуваше со писателката Лиза Робинсон на која и раскажа и за тоа како е да се биде родител во денешно време, за нејзиното искуство со постпородилната депресија и за тоа дека не е сама во сето тоа.

На сугестијата дека пејачката одбрала да биде мајка во најуспешните години од нејзиниот живот, таа вели:

„Мислам дека најхрабрата работа не е да имаш дете...Јас и сите мои пријателки постојано сме под притисок дека треба да раѓаме деца, бидејќи нели, тоа е она што го прават возрасните. Го сакам мојот син повеќе од сѐ на светот, но ако во денот имам неколку слободни минути, посакувам да можам да правам што сакам, кога сакам. Секој ден се чувствувам така“, вели Адел.

Таа слободно вели дека најверојатно Анџело ќе биде нејзиното единствено дете, појаснувајќи дека нејзиното момче Сајмон Конецки има ќерка од претходната врска, со што таа е нејзината „карта“ на која се вади.

Во интервјуто таа искрено говори и за постпородилната депресија со која се соочила, нешто со што многу нови мајки се сретнуваат.

„Еден ден и реков на една пријателка дека го мразам сето она што ми се случува и таа почна да плаче признавајќи дека случајот е ист и со неа. Толку беше. Тоа ме охрабри“, додава таа.

Таа додава и дека денеска, сѐ уште сака да има време за себе кога може да биде целосно сама – само едно попладне во неделата.

„Постојано се обидуваш да се искупиш за сите работи кога си мајка. Не ми пречи тоа, поради љубовта што ја чувствувам за него. Сега, додека трае турнејата постојано се чувствувам виновна што не сум со него постојано. Не ми е грижа ако не направам нешто за себе“, додава Адел во интервјуто за магазинот. 

 

Објавено:
1 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.720 пати