CFDA/Vogue Fashion Fund гала вечерта е една од омилените во светот на модата, бидејќи покрај познатите личности и одличната дружба, истата има и хуманитарен карактер.

Џозеф Алтузара

Вечерта, како и секоја друга во Холивуд, започна со коктели и добра музика, а сосема нормално, продолжи со шегите на комичарката Сара Џоунс која говореше за претстојните избори во САД.

Се чини сите присутни беа расположени да кажат по некоја шега за изборите, а актерката Оливија Мун им порача на сите да одат на гласање во удобни чевли.

Голем број од присутните ќе кажат дека на денот на изборите ќе бидат со своето семејство, а особено со нивните деца на кои сакаат да им го укажат значењето на гласањето од мали нозе.

Вечерта и официјално ја отворија дамите Ана Винтур и Дајан фон Фурстенберг кои посочија дека се повеќе од среќни што се дел од едно вакво семејство и што секогаш се тука една за друга.

„Најважната работа што вечерва треба да ја славиме е талентот и стилот. Мора секој да се истакне во овој свет на посебен начин. Тоа не е среќа. Вие мора да ја создадете среќата. Никогаш не можете да знаете што ќе се случи“, вели дизајнерот.

За победници на вечерта од сите 10 брендови и дизајнери кои беа во трката за најдобар талент, беа прогласени Brock Collection, бренд основан од Лора и Кристофер, млада брачна двојка која работи од 2013 – тата година.

Тие добија 400.000 долари кои треба да ги инвестираат во нивната компанија, но сето тоа под менторство и надзор на групацијата CFDA.

Вистинско изненадување вечерта беше прекрасната млада пејачка Зендаја која од неодамна има свој бренд Daya by Zendaya чии модели се продаваат во неколку pop – up продавници низ светот.

„Ова е вечер на остварување на соништата. Никогаш не знаеш, можеби еден ден и јас ќе бидам номинирана“, изјави младата Зендаја.

Во галеријата погоре погледнете ги фантастичните креации на дамите кои уживаа во гала вечерта на CFDA/Vogue Fashion Fund.

Објавено:
8 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
422 пати