Првите фотографии на Каја Гербер за Marc Jacobs Beauty

30 ноември 2016

Пред неколку месеци, беше соопштено дека Каја Гербер ќе биде заштитното лице на козметичката линија на дизајнерот Марк Џејкобс.

Неодамна пак, беа презентирани првите фотографии од таа соработка, односно за кампањата за пролет 2017 година.

-Кога ја видов Каја, мојата прва мисла беше дека е прекрасна и дека ќе направи одлична работа. Изгледа интересно. Нема само една карактеристика, туку повеќе, што прават цела композиција. Снимањето беше фантастично во сите аспекти – незината убавина, шарм, неверојатна личност и професионална работна ектика, се доказ дека крушата не паѓа далеку од дрвото – изјави Џејкобс во септември годинава.

Според него, малата Гербер ќе биде следниот голем модел.

Зад кампањата стои мејкап артистот Дајан Кендал и фотографот Дејвид Симс.

-Марк сакаше нешто младешко, со изразен изглед, каде ќе бидат употребени новите бои за шминката за очи. А благодарение на беспрекорноста на Каја, успеавме да го добиеме токму тоа – вели Кендал.

Своето задоволство од соработката не го крие ниту младата моделка.

-Возбудена сум и почестена што мојата прва кампања за убавина е токму со Марк Џејкобс, иконата во модната индустрија. Опседната сум со неговите козметички производи, како и со сè друго што прави професионално. Marc Jacobs Beauty прави да се чувствувате женствено и разиграно – изјави Гербер за „Алур“.

За тоа кога ќе биде лансирана целосната кампања сè уште нема официјални податоци.

Објавено:
30 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
220 пати