„Конекција 2“ – групна изложба на македонски автори во Мала станица

1 декември 2016

Вечерва во галеријата Мала станица ќе биде отворена групна изложба „Конекција 2", на ликовни дела на автори од неколку градови на Македонија и од различни ликовни области – графика, сликарство, вајарство, плакат и фотографија.

Ќе бидат претставени делата на Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Горан Тричковски и Јовица Миленов од Делчево, Марјан Ѕин од Струмица, Перица Георгиев, Слободан Милошески и Јана Луловска од Скопје и на Иво Пецов и Маријана Иванова од Виница.

Авторите од „Конекција 2" живеат, работат или студираат во Софија, а со оваа изложба се претставуват пред домашната публика за да ги зацврстат и продлабичат своите контакти со колегите и публиката во Скопје.

– Концептот „Конекција 2" се појави со иницијативата на директорот на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Васко Шутаров, и наиде на позитивен прием од македонските ликовни уметници. Тие беа претставени на повеќе групни изложби во бугарските градови Велико Трново, Благоевград, Русе, Пловдив, Стара Загора, Созопол, Харманли и во Софија, соопштија од Националната галерија на Македонија.

 

Објавено:
1 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
40 пати