Конечно петок! Последниот ден од работната недела поминете го во стилска женска комбинација составена од неколку парчиња за кои знаеме дека ќе ви се допаднат. Денеска носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со блузичка на пруги со интересна апликација во предниот дел. Стоплете се со оваа кожена и модерна јакна која одлично ќе се вклопи во целиот денешен стајлинг. Чизмите се црни и до глуждовите со интересен патент од страната. Комбинацијата надополнете ја со црвено шалче, црна чанта, црвен кармин за усни и шик шноли за уште подобар изглед. 

Објавено:
16 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
514 пати