Првата помисла при комбинирањето парчиња за стартот на оваа студена работна недела е како да ни биде максимално топло во тоа што ќе го носиме. Но, тоа секако не значи дека истиот тој топол аутфит не може да биде шик и стилски. Напротив, ние денеска ви предлагаме токму една таква топла, а истовремено супер стилизирана слоевита комбинација.

Задолжителен е топлиот капут, што може да го комбинирате со сега апсолутно популарниот крзнен шал обоен во неколку нијанси. А под капутот облечете дебела, плетена ролка во комбинација со панталони и чизми.

 

Објавено:
9 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
817 пати