Исабел Ипер – 63-годишна дама со одличен стил

16 јануари 2017

Оние што внимателно го следеа последното издание на „Златен глобус“ сигурно ја забележаа Исабел Ипер француската дама со неверојатно изразено чувство за стил.

Таа ја доби наградата за најдобра актерка во главна улога за остварувањето „Elle“, но овде ние ќе се фокусираме на нејзиниот стил.

На оваа гламурозна манифестација се појави во светлосина тоалета, со делумно транспарентен горен дел.

Нејзин заштитен знак се оделата со машки крој, кои ги носи најчесто со сандали со ремче.

Не се плаши од модни експерименти и како некој што ја следи модната сцена честопати ја гледавме во првите редови на „Диор“ или „Шанел“. Била дел и од неколку модни кампањи, а меѓу последните е онаа за „Живанши“ од 2014 година.

Освен класичните одела, нејзиниот стил го одбележуваат и широки, ѕвонести здолништа и лежерни кошули. И ако подобро погледнете, ќе видите дека таа е Французинка во вистинска смисла на зборот – без многу шминка, со став и лежерен, кул начин на носење на парчињата.

За оние што досега не слушнале за неа, таа е една од најпознатите француски актерки. Со преку 100 снимени филма, оваа актерка е препознатлива во светски рамки.

Кога на сето тоа ќе додадете дека има 63 години и фантастична енергија и став, не е ни чудо што медиумите и тоа како се интересираат за неа, на сите полиња.

Исабел во друштво на Наоми Вотс на Мет Галата 2014 година

Во продолжение погледнете ги фотографиите и дел од нејзините модни избори.

 

Објавено:
16 јануари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
529 пати