Модната икона Шарлот Геинсбург со своја капсулна колекција за Current Elliott

20 август 2014

Ќерката на легендарната Џејн Биркин и Сергеј Геинсбург, талентираната Шарлот Геинсбург реши да си ја проба среќата и како моден дизајнер. Геинсбург, дизајнираше капсулна колекција за модниот бренд Current Elliott, инспирирана од нејзините лични модни видувања и ставови во поглед на модата и стилот.

Во првата, од вкупно четири колекции колку што ќе дизајнира харизматичната Французинка, посака на клиентите да им понуди барем еден совршен примерок на класично парче кое треба да се најде во гардероберот на секоја модно освестена жена. Линијата ќе вклучува модели на фармерки, бели кошули и блејзери. Според Шарлот, ова се универзални модни парчиња кои можат да се комбинираат на милион креативни начини. Познатата актерка успеа да им даде свој печат на моделите, а особено е горда на колекцијата фармерки, бидејќи според неа токму џинсот е модно парче кое е безвременско и таа го обожава.

 

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Сцена