Здрави колачи што се прават за 15 минути!

8 февруари 2017

Сега е вистинско време да се разбудиме од зимскиот сон и да почнеме да се грижиме за нашето здравје, а тоа значи и да почнеме добро да готвиме.

За следниот рецепт ви се потребни неколку едноставни состојки кои можеби и ги имате дома. Станува збор за брзи, вкусни и здрави колачи за кои знаеме дека ќе ги обожавате.

Потребно:

Банани

Овесни снегулки

Екстракт од ванила

По желба: Чоколадо, брусница, лешници, бадеми, ореви...

Подготовка:

Земете две зрели банани бидејќи подобро ќе успеете да ги згмечите и ставете ги во еден длабок сад. Додајте една шолја овесни снегулки и малку екстракт од ванила. По ваша желба, одберете малку ситно сечкана темна чоколада или пак јаткасти плодови по избор. Сето тоа добро измешајте го и формирајте мали топчиња кои ќе ги ставите во тава обложена со хартија за печење и малку ќе ги стиснете одозгора. Печете на 180 степени околу 15 минути.

Добар апетит!

Објавено:
8 февруари 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
11.334 пати