„Ноќ со ѕвездите“ во МНТ на 14 – ти февруари

10 февруари 2017

Доколку сѐ уште не решивте каде ќе го поминете празникот на вљубените, тогаш Македонскиот народен театар има супер решение за вас.

Побрзајте и изненадете го партнерот со карти за најинтересната вечер што ќе се случи на 14 – ти февруари со почеток во 21 часот.

Вечерта ќе почне со стенд – ап на популарниот актер Сашко Коцев, а потоа сцената ќе ја преземат единствените Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд кои ќе ги почестат сите присутни со нивните фантастични стихови.

По нивниот настап, следува концерт на Тамара Тодевска која ќе приреди вистинско шоу и чии песни секогаш сакаме да ги слушаме.

Ова е совршен начин да ја прославите ноќта на љубовта и уште поубав да го изненадите вашиот партнер или партнерка со подарок карти.

Билетите се веќе во продажба по цена од 1200 денари за партер и галерии и 2000 денари за ложа.

Објавено:
10 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
84 пати