Спектакуларен концерт на Љубојна во Белград

24 февруари 2017

Вчеравечер еден од најоригиналните домашни музички состави Љубојна, одржа спектакуларен концерт во Дом Синдиката во Белград.

Како и што најавија на прес конференцијата неколку дена пред концертот дека српската публика може да очекува еден навистина посебен и незаборавен концерт, Љубојна го оствари ветеното и ја импресионираше својата публика во Белград.

Како гости на концертот сепојавија познатите македонски уметници Влатко Стефановски, Васил Хаџиманов и Џамбо Ангушев кои дополнително ја збогатија вечерта и направија истата долго да се памети.

Прекрасната Вера изгледаше навистина импресивно на сцена, во драматична сценска тоалета во комбинација на црна основа украсена со тул во црна боја, што специјално за неа ја дизајнираше македонската модна куќа Елена Лука.

„Кој носел креација од Елена Лука, знае колку една жена убаво се чувствува во нив. Како што ме замислија, како една дива која треба да се појави на сцена, така и ќе биде. Јас сакам такви фустани кои на една пејачка на сцена и даваат карактеристика дека тоа е еден навистина важен настан, важна позиција и дека цела публика е во вашиот фокус. Навистина е убаво и за вас и за тие што ве гледаат и слушаат, да изгледате убаво, сите да ве доживеат како една цела приказна. Навистина се радувам што почна една убава соработка", изјави Вера за Fashionel пред концертот.

Во галеријата погледнете каков беше амбиентот на концертот.

Објавено:
24 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.576 пати