Утре (3-ти март) со почеток во 13 часот во музичката продавница Југотон (ГТЦ, 1 кат). Суперхикс ќе го промовираат новиот албум „Underground evergreens".
Во рамки на промоцијата Суперхикс ќе го претстават своето најново студиско издание кое во петок излегува во ЦД формат, а за кое наскоро ќе биде изработен и винил. Албумот е сниман, миксуван и мастериран од страна на Мите Димовски, Тра Ла Ла Студио- Скопје, а еден мал дел е сниман и во студиото на Ивица Јанкуловски. Дизајнот за истиот е направен од страна на дизајнерот Томи Џуровски.
А не случајно е избран 3-ти март како датум за промоција на новиот албум. Имено, на 3-ти март далечната 1994-та година Суперхикс го имаа својот прв настап па оваа промоција е практично и одбележување на 23 години од постоењето на Суперхикс.
Суперхикс ве покануваат на заедничка дружба!