Барбика како Кајли Миног

17 август 2013

Барби е посебна кукла која веќе 54 години служи како инспирација и идол. Името Барби го доби по ќерката на изумителката Рут Хендлер, а кај сите буди сеќавање на детство. Меѓу нејзините колекционери честопати се наоѓаат и возрасни фанатици.

барбика 1

Дизајнерското дуо The Bolonds одлучи да направи своја замисла на заводливата русокоса кукла, па на пазарот пласираше посебна серија Барбики. Филип и Дејвид Блонд во светот на славните познати и како „платинести дизајнери“ овој пат своите обожаватели ги воодушевија со барбика која неодоливо потсеќа на австралиската пејачка Кајли Миног.

Blond Gold Baribe

Blond Gold Baribe која веќе со првите денови на продажба постагна голем успех, е продолжение на Silver Diamond Barbie . Покрај овие две, американските дизајнери и љубители на гламурозните играчки посебно се израдуваа на лимитираното издание на Pink Diamond Barbie куклата која ја претставија заедно со годинешната пролетна колкеција на New York fashion Week. Така, меѓу најголемите обожаватели на лимитираната верзија се најде и богатата наследничка Парис Хилтон

 Silver Diamond Barbie Silver Diamond Barbie

Pink Diamond Barbie Pink Diamond Barbie

Blond Golden Barbie дизајнерите одлучија да ја облечат како Кајли Миног во спотот за песната „Get outta my way“, што значи во корсет со златни ланци со накит и останатите модни додатоци, кои создаваат совршена реплика на познатата поп дива. Со долга руса коса, вештачки трепки и златната основа, многумина без размислување даваат дури 150 долари, само за да ја имаат.

Освен Кајли Миног, барбиките на овие два дизајнера се најдоа во креации кои ги носеле и Лејди Гага, Бијонсе, Кристина Агилера, Ријана и Кети Пери.

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Сцена