Џенифер Лоренс за Диор: Сите треба да бидеме феминисти!

31 март 2017

Откако во 2012 – тата година потпиша договор со модната куќа Диор, актерката Џенифер Лоренс постојано се појавува во новите кампањи на брендот.

Русокосата убавица е дел и од последниот едиторијал на Диор во кој можеме да ја видиме во најпознатата маичка за оваа сезона со натписот: Сите треба да бидеме феминисти!

Фотографиите ги направи познатата Бриџит Лакомб, а на истите можеме да ја видиме актерката во парчиња од последната колекција на Марија Грација Кјури.

Како и секогаш, Лоренс има минимална шминка, а нејзината руса коса е собрана во неуредна пунџа која одлично и прилега.

„Природниот карактер и ставот на Џенифер се надополнети со силни модни додатоци како прстени, многу ланчиња со приврзоци, обетки... Дел од едиторијалот се и чантите на Диор кои сезонава се носат преку рамо или пак во рака“, велат од брендот.

Покрај популарната маичка на брендот која можевме да ја видиме во комбинациите на многу девојки ширум светот, актерката носи и искинати фармерки, интересни модели чевли од последните колекции, едноставно црно палто и споменатите фантастични чанти.

Колекциите на Марија Грација Кјури предизвикаа вистинско воодушевување кај женската публика на брендот, со што се потврди дека Диор донесе навистина исправна одлука.

Објавено:
31 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
387 пати