„Гучи“ ја замени Атина со Фиренца

6 април 2017

Модниот бренд „Гучи“ кон почетокот на годинава беше одбиен од грчките власти да одржи ревија во Акрополот. И покрај великодушната понуда од два милиона евра, грчкото министерство за култура одлучи дека нивното културно богатство нема да го користи за промоција на ниту еден моден бренд, па макар тоа бил и „Гучи“.

Но, тимот сепак најде решение за тоа каде ќе го одржи шоуто за Ресорт колекцијата и изборот е Фиренца. Поточно, се работи за Палатина Галерија во Палацо Пити (ренесансната Палатата Пити), а терминот е 29-ти мај.

Ова ќе биде прв пат таму да се одржи модна ревија, а „Гучи“ ќе ја има честа да се запише во историјата. За возврат, брендот ќе донира  2.2 милиони евра, за реставрација на Боболи Градините и тоа ќе трае повеќе од три години.

-Фиренца е важна референца за Гучи и креативниот директор Алесандро Микеле. Боболи се италијанскиот Версај и сакаме да ги направиме овие градини уште поважни – вели претседателот и извршниот директор Марко Бицари.

Минатата година, колекцијата беше одржана во Вестминстерската Катедрала во Лондон, што исто така беше прв пат некој бренд да одржи модно шоу.

Очигледно е дека брендот држи до престижот, па поставува високи цели, што често и се остваруваат.

-Мислев дека сонувам кога дознав дека можеме да одржиме ревија во Катедралата. Тоа е лудо, но мислам дека само во Лондон црквата може да каже „да“ на модно шоу. Размислував за место што ќе го претсстави духот и моќната убавина. Тоа е нешто романтично, Готско место полно со историја, а таа  – изјави тогаш Микеле за WWD. 

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
308 пати