Сумико Ивамуро е името на 82-годишната бабичка која ги руши сите стереотипи за тоа како изгледа и што прави жена на тие години.
Преку ден Ивамуро води ресторан за кинеска храна. Таа е задолжена за кујната и услугата. Но, тоа не ја спречува во вечерните часови да биде дел од програмата на ноќните клубови во Токио, каде е и мошне позната.
Деновиве е вистинска Интернет атракција, па нејзината популарност ги надминува и границите на Јапонија.
Оние што ги посетуваат нејзините забави, велат дека прави неверојатна атмосфера.
-Нејзината енергија ги надминува старосните граници. Ги обожувам нејзините сетови, што вклучуваат техно музика со примеси на џез, француски шансони и класична музика – вели еден од обожавателите на Сумико, 25-годишниот Фуминари Фуџи.
На 70-годишна возраст одлучува да запише школо за диџеи и оттогаш трае нејзината љубов кон оваа професија.
Со оглед дека голем број од американските медиуми стапија во контакт со 82-годишната диџејка, таа не крие дека има желба да настапи на њујоршката сцена и се надева дека желбата еден ден ќе ѝ се исполни.
-Повеќе од 60 години го водам ресторанот, но „лудите“ ноќи не ми паѓаат тешко, бидејќи уживам во тоа што го работам. Многу сакам да сум активна и важно ми е тоа. Кога стојам зад пултот, сакам да го погодам вистинскиот ритам, да ја одберам вистинската музика. А најголемо задоволство ми е кога ќе видам дека публиката ужива – вели Ивамурова за американските медиуми.
Во продолжение погледнете како тоа изгледа: