Маскара, карминче или сјај и добар коректор се трите работи што речиси секоја жена ги има во својот несесер.
Компанијата MAC неодамна направи истражување за тоа кои производи им се најпродавани во светот, што беше добар повод да се анализира какви стандарди за убавина се негуваат и како сакаат да се шминкаат.
Според тоа, Американките внимаваат да имаат постојан кармин и тоа во интензивни бои. Очите пак ги нагласуваат со црн или темносин ајлајнер, како и со големи трепки.
Бразилките го сакаат природниот тен, па користат мат кармини и тоа најчесто црвени.
Мат кармините се популарни и во Канада и тоа во природни розови нијанси, а тамошните жени ги нагласуваат и веѓите, што го прават и жените од Блискиот Исток.
Британките го сакаат природниот изглед, па техниката на контурирање и осветлување на клучните точки на лицето кај нив се најраспространети.
Техниката smokey eye е убедливо најпопуларна меѓу Индијките, во комбинација со природни усни.
Французинките пак, како жени што исклучително се негуваат, користат производи за природна нега и убавина.
Во Австралија на жените им е најважно шминката да е водоотпорна, што е и логично.
Црвените кармини и „хајлајтери“ се најпродавани во Јапонија, а портокаловите кармини во Мексико.
Во прилог на овие информации оди уште едно истражување од 2014 година, каде резултатите се речиси идентитчни.
Таму уште се вели дека Германките за шминка трошат повеќе од жените од било која друга држава во Европа. Според истражувањето, дури 91 процент од жените изјавиле дека попрво ќе го откажат првиот состанок отколку да се појават без шминка.
Британките пак трошат 474 дена од нивниот живот на шминкање, а една просечна жена во текот на животот троши 15.000 долари за декоративна козметика.
Филипинките ја исправаат косата, односно ја одвраќаат од природната кадрава колку што е можно повеќе.
Сепак, на крајот, според повеќе од 60 проценти од испитаниците сметаат дека внатрешната убавина е онаа што најмногу се важи.