Новата визија за Диор во работата на белгискиот дизајнер Раф Симонс

21 август 2013

Пред да се појави тој, парискиот луксуз беше синоним за недостижното и невозможното, движејќи се помеѓу она што е ексклузивно и она што е претерано, не правејќи притоа никаква разлика. Со доаѓањето на овој визионерски ум на модната  сцена, идилата за убав француски живот доби друга димензија на постоење, со нови начела и вредности. Полека се враќа елегантната нишка во креирањето на формите и начините, идеите за креирање на модно ремек дело се сè поповрзани со уметноста, инспиративните ноти се слеваат заедно во еден извор кои тргнува од основните корени на вајање на модната скулптура, и се она што било заборавено помеѓу милиони цртежи на модна историја повторно се афирмира, живее, трансформирајќи се  во модерна кукла која треба да биде удобна кога ќе се стави на женското тело, но треба и да освојува со елеганцијата и убавината.

 

 

Раф Симонс е белгиски дизајнер кој е еден од главните столбови на глобалната луксузна модна куќа Кристијан Диор. Претходно професор на Универзитетот во Виена, стилист на Џил Сандер, а денес е во спокој и мир со самиот себе.

Еве што изјави пред извесно време во интервјуто за италијанскиот магазин Marrie Claire:

„Јас пред се сакам да укажам на убавината на модата, да и вдахнам живот во нашето време. Секој има страв од сопствената интерпретација или се мачи да ја пронајде вистинската трага која ќе го одведе до врвот. За мене ангажманот во Диор е предизвик. Оваа модна куќа има совршени дизајни, ја доживувам како книга која припаѓа на ретките примероци од категоријата на најголемите класици, особено кога е високата мода во прашање“, вели Симонс.

 

 

„Модата мошне мутира и стана еден глобален феномен. Се зборува премногу за модата, а многу мал дел луѓе вистински ја разбираат. Треба малку да „одморат“ од зборување и да ја остават да биде она што е: медиум што создава убавина, што едуцира, твори, која предизвикува, воодушевува...“

 

 

„Жените многу добро се разбираат во мода имаат многу поголема моќ, власт и карактер за разлика од мажите. И се восхитувам на Џенифер Лоренс. Таа зема Оскар на 23 години, а носеше моја креација. И покрај нејзиниот слободен, независен лежерен стил, таа знаеше како да биде дама на црвениот тепих“, гордо изјави дизајнерот.

 

 

„Јас сум човек кој има високи цели во својот живот. Моето средно име е амбицијата, а и како не било кога работам во Диор. И многу сум срамежлив, затоа секогаш додека зборувам со некој кој треба да ми земе интервју или да ме слика држам цигара во раката. Ме смирува“, вели Раф во завршниот дел на интевјуто.

 

Објавено:
21 август 2013
Категорија: 
Сцена