За дизајнерката Мелина Џиновиќ веќе сме пишувале, а можете да се потсетите на линкот ОВДЕ. Откако Шерон Стоун и Џенифер Лопез се појавија во нејзини креации, не само балканската, туку и светската јавност го сврте вниманието кон неа.
Препознатлива по тесните креации што ја следат линијата на телото, богатите реси и храбрите отвори на дизајните, Џиновиќ веќе може да се пофали дека листата на познати ѕвезди клиенти е сè поголема.
Така, вчера на Инстаграм профилот на нејзиниот бренд „Хамел“ објави фотографија од пејачката Џеси Џеј, која се појави на Канскиот филмски фестивал токму во нејзина креација.
Се работи за долг, црн фустан, со шлицеви и интересен израз во пределот на грбот и страничните делови, што уште повеќе ја нагласува нејзината фигура. Нема сомнение дека светската ѕвезда изгледа прекрасно и дека ова е уште една одлична реклама за Мелина.
Ако го разгледате Инстаграм профилот ќе забележите дека Џенифер Лопез ја продолжила соработката, како и дека и Бритни Спирс носела нејзина креација, потоа Карен Феричајлд, Кејт Бекинсејл, Софија Вергара, Памела Андерсон...
Исто така, нејзините креации се дел од едиторијали на „Вог Бразил“, а и „Дејли Мејл“ пишувал за нејзините креации преку анализата на стилот на Џенифер Лопез, „Космолитен Казакстан“...
Погледнете: