Еден од последните проекти на македонската интернационална манекенка Јована Нешова е одличната кампања на брендот Bleu Nuit како резултат на нејзиниот тримесечен престој во Шангај, Кина.
Со огромен тим на луѓе и снимање на девет различни локации, фотографот Вубин успеа да ги долови магичните моменти и да ја претстави кампањата за сезоната што следи.
Дел од оваа кампања е преземена и од престижниот кинески Вог, а за стајлингот и комплетната шминка се погрижи азискиот артист Ронг Ронг.
Инаку. Јована Нешова ја застапува Моделинг Скаутинг Офис (MSO) од Белград во соработка со нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје.
Оваа кампања изработена од врвен тим на професионалци, уште повеќе и ги отвара вратите на Јована во светот на модната индустрија каде продолжува достојно да не претставува.