Веројатно оваа шик девојка повеќе ја препознавате како Candela Novembre, но од неодамна таа повторно е Пелиза.

Во моментов е бремена со нејзиното трето дете, овој пат син, по двете ќерки кои ги има од бракот со архитектот Фабио Новембре.

Со потекло од Аргентина, во Италија оваа девојка доаѓа на 17 години кога и почнала да ја гради кариерата како модел.

Денеска таа е една од најпознатите италијански блогерки со непогрешлив стил, а дека може да бидете стилски и во бременоста, таа докажува секој ден со нејзините објави.

Иако многу скоро го очекува раѓањето на нејзиното трето дете, таа во ниту еден момент не престана да одбира стилски комбинации по кои инаку е позната.

Позната по нејзината фризура и секогаш впечатливиот кармин, оваа девојка без проблем носи куси фустанчиња и во 9 – тиот месец од бременоста, а обожава и долги тесни фустани и маички комбинирани со долги цветни наметки.

Без разлика што и да одбере, таа е секогаш супер шик и знае да ја носи секоја комбинација на навистина посебен начин.

Комбинациите ги истакнува со посебни модни додатоци, а најголемо внимание им посветува на уникатните чевли и чанти кои ги обожава.

Самата ќе каже дека речиси секогаш одбира италијански дизајнери со кои и претходно има соработувано, а нејзиниот избор е и повеќе од одличен.

Со изборот на шик комбинации за трудничките денови, оваа девојка докажува дека не смееме да се откажеме од сопствениот стил ниту кога сме во поодмината бременост.

Фото: Инстаграм

Објавено:
12 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
585 пати
Извор: 
journal