Конечно петок! Последниот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце во градот кое секогаш значи инспирација за неодоливи комбинации. Денеска носиме долг цветен фустан со широки куси ракави и го комбинираме со шик кломпи во црвена нијанса. Чантата е подеднакво тренди во иста нијанса како и кломпите, а и карминот исто така. Задолжителни се очилата за сонце кои се подеднакво хипи како и самиот фустан.

Имајте супер петок исполнет со многу забава! 

Објавено:
16 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
314 пати