Самодовербата е еден од клучните фактори за позитивен впечаток кога сте на интервју за работа, а и воопшто.
Тоа подразбира дека вашата слика за самите себе треба да биде на ниво: задоволна сум со себе! Секако, соодветната гардероба има свој значаен удел за таа слика да биде комплетна.
Основното правило секогаш е пристојност. Никако не смеете да си дозволите вулгарен изглед или пренагласена шминка. Од друга страна пак, заборавете на ригидниот, стерилен и досаден изглед, особено ако сте креативна личност која аплицира за креативна работна позиција.
Поентата е да го најдете вистинскиот спој помеѓу вашиот личен имиџ и соодветниот деловен дрес код, како и природата на работната функција за која претпоставените ве интервјуираат.
Оваа сезона актуелен е еклектичниот спој на принтови, па размислувајте во таа насока – спојте кошула со точки и панталони во пруги. Врз класичните панталони со висок струк и обичната бела маичка облечете ултра популарно кимоно со цветен принт – ќе оставите позитивен впечаток. Доколку преферирате класичен изглед, одберете дводелен костум во иста боја – со предимензионирано сако, а изгледот финиширајте го со впечатлив брош или пак чанта со принт или везови.
Позитивната мисла секогаш носете ја со себе – внатрешното чувство лесно може да се прочита и визуелно.
Во продолжение издвоивме неколку инспиративни комбинации.
Фото извор: Пинтерест