Почина актерот Микел Никвист – ѕвездата на „The Girl with the Dragon Tattoo“
•
28 јуни 2017
По долгата борба со рак на белите дробови, почина 56-годишниот шведски актер Микел Никвист, најмногу познат по главната улога во „The Girl with the Dragon Tattoo“ и „The Girl Who Played with Fire“.
Тажната вест ја соопшти неговиот претставник за односи со јавноста, Алиса Гудман.
-Со тага ве известуваме дека нашиот драг Микел засекогаш не напушти. Шведскиот актер кој постигна светска слава отиде тивко, опкружен со најмилите, откако година дена се бореше со суровата болест, се вели во соопштението.
Никвист глумеше и во неколку други познати холивудски филмови, меѓу кои и „John Wick" и „Mission impossible".
Во 2010 година напиша автобиографија во која ја опиша неговата 30-годишна потрага по своите биолошки родители.