Четврток во топли бои
•
6 јули 2017
Топло е времето, а топли се и боите во денешната комбинација. Овој четврток одлучивме нашиот предлог да бидат панталони со широки ногавици и асиметричен карнер во пределот на половината.
Ако имате малку стомаче, овој детаљ ќе ви помогне на тренди начин да го сокриете. Со панталоните комбинираме топ на врзување во црвено-портокалов принт, идеален за летните температури.
Кога се модните додатоци во прашање, портокалови сандали на ременчиња ќе внесат уште повеќе живост во комбинацијата, а чантата е во кружна форма и во слична боја со панталоните.
Можете да ставите неутрален кармин и очила за сонце и подготвени сте за она што ви го носи денот.
Имајте супер четврток!