Комбинацијата за денеска одлучивме да биде полежерна. Се одлучивме за широко карирано фустанче со карнери на ракавите. Бидејќи ракавите се до лакт, одоздола можете да облечете некоја ролка, блуза или кошула, или пак да додадете наметка.

Фустанчето во маслинесто зелени нијанси го комбинираме со високи чизми на ниска широка потпетица и јака со ремен на половината и вештачко крзно во горниот дел.

На тоа додаваме неутрален кармин, а бидејќи велат дека денеска има шанси за дожд, земете си и чадор.

Имајте убав ден!

Објавено:
4 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.152 пати